Утрово 32 лица превентивно притворени пред протестите во Париз

– Триесет и две лица утреово се превентивно притворени во Париз, пред денешниот протест на „жолтите елеци", јавува дописникот на МИА. Приведувањето на овие лица е поради сомневање дека се подготвувале да учествуваат на насилнички протести.

 

Рано изутринава, министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер изврши проверка на безбедносните сили распоредени на улиците во Париз, каде по првпат се појавија и оклопни борбени возила на жандармеријата. Вкупно 69. 000 припадници на безбедносните сили ќе се обидат да ги спречат насилничките испади, со оглед дека постојат сериозни најави дека дел од „жолтите елеци" и радикализирани елементи ќе се обидат да предизвикаат нереди.

Изутринава на главната артерија во Париз – Шанзелизе, веќе се присутни „жолтите елеци", но само откако ги поминаа филтрите на полицијата, која врши претрес.

„Жолтите елеци" повикаа на протести и на кружниот-периферен автопат околу Париз, а се најавува силна мобилизација и во другите градови во Франција.

„Жолтите елеци"  го закажаа денешниот протест, бидејќи сметаат дека отстатпките на владата се недоволни.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.