Протести на „жолтите елеци" и во Белгија и Холандија

Француското движење „жолти елеци" ги надмина границите и денеска ќе се организираат протетси и во Белгија и Холандија.

 

Ниту една од овие две земји не предложи зголемување на таксите на горивото, што беше катализатор за масовните демонстрации во Франција во последните недели.

Стотици белгиски полицајци се мобилизирани во Брисел, каде „жолтите елеци" минатата недела се судрија со полицијата и запалија две полициски возила. Тогаш беа уапсени 70 лица. Дел од денешните протести се планирани пред главните институции на Европската унија, кои не работат во сабота, а останатите се закажани за во центарот на белгиската престолнина.

Во Холандија, за денеска се планирани мирни протести во Амстердам и Ротердам.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.