Најмалку 55 лица се повредени во денешните протести во Париз

Најмалку 55 лица, меѓу кои и тројца полицајци, се повредени денеска во Париз за време на протестите на „жолтите елеци" против зголемувањето на цените и даноците на горивата, соопшти локалната полиција.

 

Во Париз се уапсени 637 лица, од кои повеќето се ставени во притвор, затоа што носеле чекани, топки за петанк, цигли и камења, јавија француските медиуми.

 

Полицијата соопшти дека низ целата земја денеска се протворени речиси илјада луѓе.

 

Судирите поворно почнаа во доцните попладневни часови на Шанз Елизе, каде полицијата употреби солзавец, звучни гранати и гумени куршуми. Многу улици и булевари во главниот град на Франција се покриени со облаци од солзавец.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.