(ВИДЕО+ФОТО) Жолтите елеци од Париз направија бојно поле

Француските полицајци уште во раните утрински часови беа распоредени во Париз, во пресрет на протестот на "Жолтите елеци", четврта сабота по ред, за која властите стравуваа дека тоа ќе биде проследено со нови насилни инциденти, јавуваат  француските медиуми.

 

 

Демонстрантите го уништија кафулето Старбакс во близина на железничката станица.

 

 

Жолтите елеци со палки разбиваат и излози од продавници.

 

 

"Деца кршат вратата од ресторан, без никаква причина. Работата на некој е уништена, жолтите елеци не се залагаат за ова ", напишал еден твитерџија.

 

 

Францускиот министер за надворешни работи, Христоф Кастене, рече дека протестите сега се под контрола, но дека зголемени полициски сили ќе бидат на улиците и в недела.

 

 По повод протестите во Париз се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп. 

 

"Многу тажен ден во Париз. Можеби е време да се запре лудиот и многу скап договор на Париз и да се вратат парите на луѓето во форма на пониски даноци? САД е еден чекор понапред кога станува збор за тоа и емисиите на штетни гасови се намалени минатата година!

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.