Протестите сериозно ќе влијаат на економијата, тврди францускиот министер за финансии

Движењето и протестите на „жолтите елеци" ќе имаат сериозно влијание на националната економија, изјави денеска францускиот министер за финансии Бруно ле Мер.

 

Може да очекуваме ново забавување на економскиот раст на крајот на годината поради протестите, изјави францускиот министер.

Материјалната штета од вчерашните протести на „жолтите елеци" во Париз се поголеми од оние од пред една недела, кога беа оштетени некои од знаменитостите во градот, како што е Триумфалната капија.

 Многу поголема штета е направена вчера, отколку пред една недела, изјави денеска заменикот-градоначалник на Париз Емануел Григор, кој е задолжен за финансиите на градот.

 Економската цена е значително повисока, рече тој, појаснувајќи дека многу продавници останале затворени за време на викендот, иако во тек е традиционалната претпразничка шопинг сезона.

Во вчерашните протести беа опожарени голем број возила, искрешени се излози на продавници и ресторани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.