Трамп ќе и се обрати на нацијата поради кризата на јужната граница

 Претседателот на САД, Доналд Трамп објави на Твитер дека вечерва ќе им се обрати на Американците „по повод хуманитарната криза и кризата на национална безбедност" на јужната граница кон Мексико, а потоа, во четврток, ќе замине таму.

 

– Со задоволство ве информирам дека во вторник вечер во 21 часот (по источно време) ќе и се обратам на нацијата по повод хуманитарната криза и кризата на национална безбедност на нашатата јужна граница.

 

Претходно, портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, исто така на Твитер, го најави патувањето на Трамп на американската јужна граница.

 

– Претседателот Доналд Трамп в четврток ќе отпатува на јужната граница за да се сретне со оние кои стојат на првата линија на фронтот на кризата на национална безбедност и хуманитарната криза. Повеќе детали ќе објавиме дополнително, напиша Сандерс. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.