Трамп: Со демократите губам време
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 10 Јануари 2019
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го напуштил состанокот за финансирање на ѕидот на границата на САД со Мексико со демократските конгресни лидери, затоа што тоа е „целосно губење време“, додека демократите наведоа дека тој излегол во „настап на гнев“.
Трамп синоќа во Белата куќа се сретна со конгресните лидери меѓу кои имаше и двајца високи демократски функционери – претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер, на 19-от ден од блокадата на работата на Владата која ја предизвика барањето на Трамп за 5,7 милијарди долари за изградба на спорниот ѕид.
– Прашав што ќе се случи за 30 дена ако брзо ги одблокирам работите, ќе го усвоите ли законот за погранична безбедност кој подразбира ѕид или челична ограда. Ненси одговори „Не“. Реков „тогаш догледање, ништо друго не доаѓа предвид“, напиша Трамп на Твитер.
Шумер пред новинарите рече дека Трамп излегол од просторијата откако Пелоси го одбила неговото барање за финансирање на ѕидот.
– Повторно видовме настап на гнев, затоа што не успеа во својата замисла, заклучи Шумер.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс