Доналд Трамп е на границата меѓу САД и Мексико

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна на границата меѓу САД и Мексико во обид да добие поддршка за неговата побарувачка од 5,7 милијарди долари за финансирање на ѕидот.

 

Трамп одлета од Вашингтон во Тексас, каде што се запозна и разговараше со претставниците на граничната патрола. "Тоа е напорна работа, но може да биде полесно ако би имале ѕид, па ајде да го сториме тоа. Мислам дека спектакуларно ја освојуваме битката", рече претседателот пред граничната полиција.

Доналд Трамп повторно потенцираше дека Мексико ќе плати за изградба на ѕидот, но преку трговски договор со САД. "Мексико ќе плати за ѕидот. Не мислев дека ќе им напишам чек, тие би платиле за тоа со договор", рече претседателот.







Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.