Трамп истури куп навреди на адреса на поранешниот шеф на ФБИ

Американскиот претседател Доналд Трамп истури еден куп вулгарности на адреса на поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми по новите откритија во "Њујорк тајмс" за истрагата, започната во 2017 година за тоа дали Трамп работи за интересите на Русија, соопштија светските агенции.

 


Федералната полиција ја започна истрагата откако шефот на државата го отпушти ексдиректорот на ФБИ во мај 2017 година.

 

Според весникот работата на федералната полиција брзо се спои со таа на специјалниот обвинител Роберт Милер под сомневање за тајна соработка меѓу Москва и екипата на изборниот штаб на тогашниот републикански кандидат за претседател во 2016 година. Дел од истрагата било контраразузнавањето, а другата била поврзана со криминални активности. На прашањето од сферата на контраразузнавањето требало да се утврди дали милијардерот свесно или несвесно работел за Русија, додека истрагата за кривично дело била поврзана со смената на Коми. Не е јасно дали проверките продолжуваат. ФБИ не сака да ги коментира информациите.

Во серијата објави на Twitter во саботата наутро Трамп го нарече Коми "полн ѓубре", "расипан полицаец" и "лажго".

Лично засегнат, самиот Џејмс Коми возврати со цитат на зборовите на претседателот Френклин Рузвелт: "Сакам да судите за мене како непријател, кој сам сум го создал".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.