Претставничкиот дом го забрани говорот на Доналд Трамп

Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси го извести претседателот Доналд Трамп дека нема да му биде дозволено да го одржи годишниот говор "За состојбата во Сојузот" додека не заврши актуелната, повеќе од еден месец делумна парализа на државната администрација, пренесоа агенциите.

 


"Претставничкиот дом нема да дозволи претседателски говор "За состојбата во Сојузот" во салата на Домот додека државната администрација не продолжи со работа", пишува Пелоси во писмото до Трамп.

Усвојувањето на таква резолуција се бара пред претседателот да може да одржи говор во Долниот дом на Конгресот, која сега се контролира од демократите.

Овогодинешниот говор на Трамп за "За состојбата во Сојузот" е закажан за 29-ти јануари.


Трамп изјави дека ќе одржи говор на друго место по одбивањето на Пелоси да го дозволи истиот во салата на Претставничкиот дом и го оцени ова одбивање како "срам", пренесоа светските агенции.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.