Трамп го потпиша буџетот за федералните служби

Доналд Трамп изјави дека е постигнат договор меѓу републиканците и демократите, кој обезбедува привремен буџет за федералните институции во наредните 3 недели.

 

Над 800.000 вработени, кои не беа исплатени повеќе од еден месец, ќе ги добијат парите во наредните денови.

Запирањето на средствата за федералните агенции се одолжи на рекордни 35 дена. Доналд Трамп одби да го потпише буџетот, ако не му се одобрени 5,7 милијарди долари за изградба на ѕидот долж границата со Мексико. Договорот не предвидува такви фондови, што се дефинира како неуспех за претседателот во играта на нерви со демократите.






Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.