Соња Бисерко во Приштина, средба со премиерот Харадинај
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 12 Февруари 2019
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај се сретна денеска во неговиот кабинет со претседателката на Хелсиншкиот комитет на Србија, Соња Бисерко и со нејзината заменичка Изабела Кисиќ, со кои разговарал за актуелните состојби во Косово во однос на човековите права, јави дописникот на МИА од Приштина.
Изразувајќи задоволство за средбата со активистките за човекови права од Белград, Харадинај информира дека со гостинките разговарал за дејствијата кои ги презема Владата на Косово за заштита на уставните права и граѓанските слободи на српската заедница во земјата.
– Косово има најнапреден устав што се однесува до малцинските права и во пракса соработката со нив е во напредната фаза и посветени сме тој напредок да продолжи, изјави Харадинај.
Бисерко и Кисиќ нагласија дека се подготвени да соработуваат со сите институции со цел заштита на човековите права.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс