Норвешка и Осло пример за позитивна интеграција на дијаспората

Министерот задолжен за дијаспората во Владата на Република Северна Македонија, Едмонд Адеми, кој престојува на  работна  посета на Кралството Норвешка, денеска имаше средба со градоначалничката на Осло, Мариане Борген.

 

На средбата, како што соопшти неговиот кабинет, била истакната добрата билатерална соработка помеѓу двете земји и била потврдена посветеноста на двете страни за натамошно градење на блиски и пријателски меѓусебни односи.

 

Министерот Адеми упатил честитки до градоначалничката Борген за престижната титула на европскиот зелен град за 2019 (European Green Capital) доделена од страна на Европската комисија на градот Осло, при што се укажал на потребата за размена на знаења и искуства со цел да се постигнат слични видливи резултати и во Република Северна Македонија, а посебно во градот Скопје.

 

Градоначалничката на Осло изразила подготвеност за соработка со Владата на Република Северна Македонија и градот Скопје во насока на подобрување и зајакнување на капацитетите во контрола на загадувањето, управување со опасен отпад, и други активности за реализација на зелен град.

 

Во разговорите биле разменети и мислења во насока на ангажманот и интеграцијата на дијаспората на Република Северна Македонија во Осло и околина, како и за идни заеднички проекти кои дополнително ќе помогнат во поголема инклузивност и интеграција на нашата дијаспора во нивното општество.

 

Според агендата денеска во попладневните часови министерот Адеми  ќе има средба и со претставници на дијсапората на Република Северна Македонија која живее и работи во Осло и околина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.