ПИЈАН ЛЕТАЛ ПО ПАТОТ! Нови детали за несреќата во која загина Шабан Шаулиќ

Популарниот пејач, Шабан Шаулиќ, загина утринава во ужасна сообраќајна несреќа што се случи кога пијан возач удрил во задниот дел од автомобилот во кој бил Шаулиќ.

 

 По завршувањето на настапите во Билефелд, град во Германија,  Шабан со музичарите отишол во хотелот да ги собере работите, а потоа се упатил кон аеродромот во Дизелдорф каде што во раните утрински часови имал лет за Белград.

 

Недалеку од градот каде што настапувал, пред нив се случила сообраќајна несреќа и овој дел од патот бил затворен, па тие биле принудени да засанат  пред самото местото на несреќата.

 

 Во тој момент, возачот кој бил во алкохолизирана состојба и без возачка дозвола удрил во возилото во кое бил Шабан заедно со музичарите Мирсад Кериќ и Бобан Стојадиновиќ.

 

 Според неофицијални информации, од силниот удар Шабан претрпел тешки телесни повреди, додека Мирсад бил сериозно повреден, а лекарите и понатаму се борат за неговиот живот. Бобан Стојадиновиќ, кој седел на задното седиште, добил мали повреди.

 

Како што пишуваат медиумите, возачот кој го  возел патничко возило што удри во автомобилот во кој се наоѓал Шабан управувал со автомобил со брзина поголема од 180 километри на час.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.