Николас Мадуро ги прекина дипломатските односи со Колумбија

Николас Мадуро ги прекина дипломатските односи со Колумбија, објавија светските агенции. "Ги прекинав дипломатските односи со Колумбија", рече Мадуро на митинг во Каракас.

 

Според него Венецуела ќе протера некои колумбиски дипломати заради помошта на Колумбија за напорите на опозицијата за доставување хуманитарна помош.

"Трпението е исцрпено, не можам да трпам повеќе, не можеме да продолжиме со тоа колумбиската територија да биде користена за напади против Венецуела. Поради оваа причина решив да ги прекинам сите политички и дипломатски односи со фашистичката влада на Колумбија", изјави тој.


Мадуро рече дека колумбискиот амбасадор и конзуларен персонал ќе мора да ја напуштат Венецуела во рок од 24 часа.







Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.