Венецуела: Полицијата употреби солзавец, демонстрантите молотови коктели

 Полицијата во Венецуела синоќа употреби солзавец врз учесниците на протестот на опозицијата во Каракас, а демонстрантите возвратиле со молотови коктели.

 

Привремениот претседател на Венецуела и опозициски лидер Хуан Гуаидо им порача на своите приврзаници дека протестите се неповратен процес и ќе продолжат секој ден додека не се постигне слобода.

 

– На вистински пат сме, нема враќање, порача Гуаидо.

 

Тој најави дека од денеска ќе почнат серија штрајкови, кои на крајот ќе доведат до генерален штрајк.

 

– Ако режимот мисли дека го извршивме максималниот притисок, тогаш не можат ниту да замислат колку ние можеме да издржиме, им се обрати Гуаидо на присутните.

 

Истовремено, во Каракас беа одржани и провладини протести, за кои претседателот Николас Мадуро вели дека биле организирани по повод 1 Мај.

 

Претходно Мадуро ги опиша приврзаниците на Гуаидо како „мала група" чиј план не се реализирал, додека, пак, опозицискиот лидер повторно ги повика граѓаните на Венецуела да излезат на улици и да се заврши, според него, „последната фаза" од соборувањето на Мадуро од власт.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.