Гуаидо: Не отфрлувам странска воена интервенција

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо разгледува странска воена интервенција како крајна мерка за соборување на Владата на претседателот Николас Мадуро.

 

– Не отфрлувам воена интервенција, затоа што сосема е јасно за што се работи во режимот на Мадуро, изјави Гуаидо за бразилскиот весник „Фола де Сао Пауло".

– Но тоа е крајна мерка. Важно е прво да се обидеме да олесниме мирна транзиција, додаде тој.

 

Во судирите меѓу опозицијата и полицијата кои траат од вторникот, според податоци на невладини организации, досега загинале четири лица, а околу 300 се повредени. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.