Герасимовски ќе им ја претстави Иницијативата на Лога и Бочварски, конфискуваните дивоградби да ги користат граѓаните

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, пред ресорните министри за правда и транспорт и врски ќе ја презентира Иницијативата – нелегалните објекти наместо да се рушаат да се вратат во служба на граѓаните.

Тој утре и во понеделник на министрите Кренер Лога и Благој Бочварски ќе им ги презентира причините и потребите Иницијативата да се имплементира во законски решенија, бидејќи, како што вели тој, истата е нужна не само за општина Центар туку и на сите општини во државата.

Целта на Иницијативата е да најде и произведе решение и можност безправно изградените објекти, наместо да се рушат како што налагаат досегашните законски норми, истите да се пренаменат во функција на општината.

„ Според постоечкиот закон на нелегалните објекти со динамит им се рушат потпорните ѕидови по што останува грда слика на просторот. Такви дивоградби во општината има неколку. Колку за илустрација за една градба на Водно потребни се 5 милиони денари за уривање, но само онеспособување, а не целосно отстранување на нелегалниот објект. Затоа со оваа Иницијатива ќе се штеди буџетот на Општината но и ќе се добијат нови објекти кои може понатаму да бидат пренаменети за различни цели и намени од кои полза ќе имаат граѓаните“, изјави Герасимовски.

Герасимовски побара средби со Бочварски и Лога, бидејќи двата закони во кои треба да се интервенира доколку се прифати Иницијативата како предлагачи се јавуваат двете министерства. Станува збор за Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривичната и прекршочна постапка за кој како предлагач на законски измени е министерството за правда и Законот за постапување со бесправно изградени објекти, за кој како предлагач на законски измени е министерството за транспорт и врски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.