Загадувањето може да го поскапи паркирањето во Центар

Саша Богдановиќ

Во контекст на решавање на проблемот со загадувањето и намалувањето на причинителите, општина Центар размислува за поскапување на цената за паркирање во централното градско подрачје, што според општинарите, ќе ги премисли граѓаните наместо со автомобил, да користат друго превозно средство.

 

Општина Центар ја разгледува можноста за поскапување на паркинг картата. Смета дека тоа ќе ги стимулира граѓаните да го користат јавниот градски превоз со што значително ќе се намали загадувањето.


Ваквата одлука за која денеска разговараа градоначалникот Саша Богдановиќ и в.д. директорот на ПОЦ Вангел Андрески, нема да важи за жителите на Центар, ниту за оние што работат во централното градско подрачје.


Како што информира прес-службата на Општина Центар, се договара и ослободување на тротоарите од паркирани возила, а проектот кој ќе значи поголема безбедност ќе почне да се реализира на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало.


- Градоначалникот, заедно со својот тим,  работи на реализирање  на заложбите за чист воздух и „Зелен Центар“. Податоците за загадување на воздухот кој има последици врз здравјето бара итно преземање чекори за да се ублажи овој проблем. Во општината се разработува  и скенира состојбата со зеленилото, кое беше драстично намалено за поставување стиропорни згради и споменици од проектот „Скопје 2014“, вели Богдановиќ.  


Забрана за градење овие месеци, вертикални зелени градини и кула за прочистување на воздухот, се решенијата за подобрување на квалитетот на животот и  заштитата на животната средина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.