Голем пожар во селото Чашка, Општина Ѓорче Петров

Пожар во село Чашка

Голем пожар во атарот на с. Чашка, Општина Ѓорче Петров зафати борова и друга шума.


Во гаснење на пожарот се вклучени екипи на противпожарната едница Скопје, П.С Ѓорче Петров, вработени од ЈП „ Македонски шуми“ како и вработени од комуналните единици од општината.


Во моментов, во гаснење на пожарот се вклучени и авиони за гаснење пожари- канабери кои се обидуваат од воздух да го изгаснат пожарот кој често го менува правецот на движење поради ветерот. Сите присутни екипи што се излезени на терен се обидуваат да го локализираат пожарот, но поради променливиот ветер огнената стихија се појавува и на другите места.


Првите дојави за пожарот до надлежните органи стигнаа околу 12 ч , кога всушност е започнат и самиот пожар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.