Основци собраа над 32 тони амбалажа од пластика со проектот „Рециклирање?! - КАЖИ ДА!"

„Рециклирање?! - КАЖИ ДА!"

Учениците од основните училишта во Карпош, Центар, Гази Баба, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Аеродром, Чаир и Бутел годинава собраа над 32 тона амбалажа од пластика или над 1.200.000 пластични шишиња, во рамки на проектот „Рециклирање?! - КАЖИ ДА!“.


Со собрани 200.000 пластични шишиња овогодишни победници се учениците од О.У. „Браќа Миладиновци“ од Аеродром, а други наградени училишта се  О.У. „Аврам Писевски“, О.У. „Кузман Шапкарев“, О.У. „Крум Тошев“, О.У. „Димитар Поп-Ѓеорѓиев Беровски, О.У. „Јохан Хајнрих Песталоци“, О.У. „Климент Охридски“ и О. „Тефејуз“.


Проектот се одржува петта година по иницијатива на Пакомак - Друштво за управување со пакување и отпад од пакување и Шпаркасе Банка. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.