Во изминатото деноноќие прегледани 14 пациенти со симптоми на морбили

Министерството за здравство соопшти дека вчера се прегледани 14 пациенти со симптоми на морбили.

 

По извршениот преглед од Клиниката за инфективни болести информираат дека хоспитализирана е само една пациентка, додека останатите 13 пациенти се пуштени на домашно лекување поради полесната клиничка слика на морбили.

 

Од нив, шест се деца на возраст од една до две години и се невакцинирани, а останатите седум се на возраст од 21 до 38 години. Во моментот, на Инфективна клиника се хоспитализирани 22 пациенти со морбили и сите се во стабилна здравствена состојба.

 

Од Министерството за здравство апелираат до граѓаните да се вакцинираат со МРП вакцина, особено децата кои немаат примено ниту една доза од вакцината.

 

Досега се вакцинирани повеќе од 5.600 лица. Станува збор за висок процент на лица, кои сериозно ги сфатиле препораките на Министерството за сериозноста на заболувањето, стои во соопштението.

 

Од Министерството посочуваат дека родителите кои кај своите деца ќе забележат или ќе се посомневаат на првите знаци на болеста, не треба да ги носат во Клиниката за инфективни болести, туку кај матичните лекари, како и во дежурните пунктови во поликлиниките „Јане Сандански", „Бит- пазар" и „Букурешт", кои работат 24 часа и вршат комплетни прегледи со лабораторија, а доколку е потребно ќе се упатуваат на Клиниката.

 

Најголем број заболени од морбили се деца, затоа, како што информираат, останува на сила забраната за посета на градинките од деца, кои не се вакцинирани со МРП вакцината.

 

.be

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.