Граѓаните да не палат оган на отворено, апелираат од ЈП ,,Паркови и зеленил”

Во изминатиот период многу се актуелни пожарите на отворено, па затоа од ЈП ,,Паркови и зеленило”  апелираат до граѓаните на зголемена претпазливост поради опасност од настанување на евентуални пожари на отворен простор.

 

Неопходни мерки за намалување на опасноста од пожари е да не се пали оган на отворен простор, да не се врши палење на отпад и друг запалив материјал, како и да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња.

 

Ова се дел од препораките согласно Законот за заштита и спасување и Законот за шуми како превентивно делување во заштитата од пожари на отворен простор.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.