Заедничкиот регионален пазар е од витално значење за растот на економиите од Западен Балкан
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 23 Јануари 2024
В.Д. Директорката на Секретаријатот на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА), Данијела Гачевиќ, во своето обраќање на вчерашниот состанок на лидерите од регионот посветен на Планот за раст на Западен Балкан ја нагласи клучната улога на ЦЕФТА во унапредувањето на иницијативата за Заеднички регионален пазар и поттикнување поблиски врски меѓу економиите од Западен Балкан и единствениот пазар на ЕУ.
Цената на бензинот се намалува, на дизелот се зголемува
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 15 Јануари 2024
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64% во однос на одлуката од 9.1.2024 година.
АСОМ: Црн ден за демократијата, без гласање и без ниеден прифатен амандман насилно се носи законот за игри на среќа
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 13 Јануари 2024
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) вели дека е срамен, недемократски и насилнички начинот на кој Комисијата за европски прашања без суштинска дебата и без гласање за клучниот амандман од кој зависи судбината на 10 илјади луѓе ја заклучи расправата по Законот за игри на среќа.
(Видео) Трипуновски: СДС, Ковачевски и Николовски целосно го уништија земјоделството
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 12 Јануари 2024
„Како изминатите седум години состојбите во земјоделството никогаш не биле полоши. Седум години земјоделците се целосно заборавени од владата на СДС, Димитар Ковачевски и Љупчо Николовски. Се сменија тројца министри и секој најавува подобрување на земјоделството, но резултати до ден денес нема“, рече Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.
Инженерите веруваат државата може сама да го изгради „Чебрен“, Ковачевски е за приватен инвеститор
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 11 Јануари 2024
Здружението на инженерите на Македонија поднесе иницијатива да се донесе закон за изградба на „Чебрен“ со македонски сили.
Распишани јавни повици за давање под закуп земјоделско земјиште до три хектари во 34 региони
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 11 Јануари 2024
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека се распишани четири јавни повици за давање под закуп земјоделско земјиште до три хектари во 34 региони во 878 катастарски општини.
СДСМ: Инфлацијата е 3,6 отсто, намалена е пет пати
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 10 Јануари 2024
Успешните економски мерки и политики на СДСМ даваат резултати, кои ги чувствуваат сите граѓани. Стапката на инфлација во декември 2023 година се спушти на 3,6 отсто, велат од партијата преку соопштение.
Демант: ИСОС никому нема одземено право на работа, обвинувањата од поединци се неосновани
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 05 Јануари 2024
Интегрален текст:
Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) досега нема одземено право на работа на ниту едно сметководствено биро во земјава, освен оние што веќе не постојат, односно се избришани како деловни субјекти во Централниот регистар на РСМ. Обвинувањата од групата која се нарекува „професионални сметководители со одземено право на работа“, која во суштина е составена од неколку поединци, се паушални и крајно неосновани.
Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) досега нема одземено право на работа на ниту едно сметководствено биро во земјава, освен оние што веќе не постојат, односно се избришани како деловни субјекти во Централниот регистар на РСМ. Обвинувањата од групата која се нарекува „професионални сметководители со одземено право на работа“, која во суштина е составена од неколку поединци, се паушални и крајно неосновани.
СДСМ: Поголем економски раст, поголеми плати и пензии во 2024 година
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 05 Јануари 2024
Со успешните економски политики на СДСМ, 2024 година ќе биде уште подобра, велат од владејачката партија преку соопштение.
Бесими: Не е реално да ветуваме дека пред избори ќе има нов оглас за „Чебрен“
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 04 Јануари 2024
Нов оглас за хидроцентралата „Чебрен“ не е реално да се очекува пред изборите. Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека ниту тие ќе стигнат да објават нов оглас ниту стратешките инвеститори сакаат да инвестираат во период на избори.
Бесими за масовните вработувања: Имаше заклучок на Влада оние со договор на дело во сите институции да добијат редовно вработување
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 04 Јануари 2024
Масовното распишување огласи за нови вработувања во пресрет на двојните избори годинава министерот за финансии, Фатмир Бесими, го оправда со одливот на кадар од институциите, но рече и дека имало заклучок на Влада, со кој сите институции во кои има вработени со договор на дело да им дадат можност за редовен работен однос, особено на квалитетните работници. Последниве две недели речиси и да нема јавна институција што не објави оглас за нови вработувања за разлика од истиот период минатите години кога немало избори, па речиси и да нема огласи за нови вработувања.
„Струјата поскапува со одлука на власта, повисоки сметки и до 400 денари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 28 Декември 2023
„Струјата поскапува со одлука на власта, повисоки сметки и до 400 денари. Корисниците од третиот блок за сметка која до сега ја плаќале 4.000 денари, сега ќе треба да платат 4.120 денари. Дополнително на тоа ако имаат куќа на село, викендица, стан или втора куќа ќе платат и до 250 денари за мрежарина, со тоа вкупното покачување ќе биде и до 400 денари“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Струјата од први јануари ќе поевтини за првиот блок за 5,16 отсто, за вториот останува иста, а за третиот и четвртиот блок поскапува за 2,88% и 1,86%
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 26 Декември 2023
Корисниците на електрична енергија од првиот блок кои имаат најмала потрошувачка од први јануари ќе плаќаат поевтина струја, цената на струјата за корисниците од вториот блок останува иста, а поскапува струјата за корисниците од третиот и од четвртиот блок. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски ги соопшти нивите цени на струјата за домаќинства.
Зголемување на цените на бензинот и на дизелот од полноќ
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 25 Декември 2023
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,53 % во однос на одлуката од 22.12.2023 година.
(Видео) Митева: Скандалозен оглас на ФИТР – поврзаноста и блиските односи со власта како главен критериум за добивање грант
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 22 Декември 2023
Поврзаноста и блиските односи со власта како главен критериум за добивање на грант од јавна тајна станаа и офијален критерум во условите за аплицирање на ФИТР, оценува Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
„Просечната плата сега е речиси 39.000 денари“, велат од СДСМ
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 22 Декември 2023
„Економските политики на СДСМ обезбедуваат повеќе средства за сите граѓани, носат постојан раст на платите. Просечната плата во октоврми годинава според податоците на Државниот завод за статистика изнесува 38.843 денари“, соопшти СДСМ.
(Видео) Тодоровска: Студентите да се пријават за мерката ваучер за превоз
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 22 Декември 2023
Во тек е пријавувањето за финансиската поддршка за превоз на студентите која владата предводена од СДСМ ја обезбеди со новиот пакет антикризни мерки. Со мерката 15.000 студенти кои студираат на државните универзитети надвор од место на живеење добиваат ваучер за превоз од 600 денари до 1.200 денари месечно, истакна Антонија Тодоровска од СДММ.
Николовски: Преку ИПАРД добиваме модерно и развиено европско земјоделство дома
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 21 Декември 2023
ИПАРД е нашата успешна приказна, најголем успех со кој сите треба да се гордееме. Ние сме земја лидер во регионот по реализација на ИПАРД програмата и тоа по неколку основи. Имаме најголема 100% реализација на ИПАРД програмата, нула евра повраток на средства и први во регионот започнавме со реализација на новата ИПАРД 3 програма.