Горивата остануваат со иста цена, се менува цената на мазутот
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 23 Јуни 2022
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, „евродизелот“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, а малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 1,000 денар/кг и сега ќе изнесува 54,291 денари/кг.
ЕСМ: 100% ќе ги покриеме потребите за струја за сите корисници на Универзалниот снабдувач
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 23 Јуни 2022
ЕСМ вети дека 100 процентно ќе ги покрие потребите на универзалниот снабдувач со струја за граѓаните и малите потрошувачи за претстојната грејна сезона.
ГРОМ бара владата да донесе одлука за забрана на извоз на жито и житни култури
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 23 Јуни 2022
Намаленото производство на жито и житни култури сериозно ќе влијае на производството на храна во целиот свет.
Москва: Откажувањето на Софија од новиот систем за плаќање доведува до поскапување на гасот
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 23 Јуни 2022
Бугарското одбивање на новиот систем за плаќање гас предложен од Русија неизбежно ќе доведе до повисоки цени за крајните корисници. Ова го изјави во интервју за ТАСС, Јури Филипсон, директор на Четвртиот европски оддел на руското МНР.
Целосно исплатени субвенциите за тутун, објави Министерството за земјоделство
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 23 Јуни 2022
Заврши целосната исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2021, а исплатени се вкупно 1.3 милијарди денари на сметките на 17 илјади тутунопроизводители, соопшти ресорното министерство.
Швајцарија увезла повеќе од три тони руско злато
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 22 Јуни 2022
Швајцарија во мај увезла злато од Русија, првпат од февруари, соопшти агенцијата „Блумберг“.
(Интервју) Фатмир Битиќи: Пари има, луѓето да не се грижат за исплата на платите и пензиите
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 22 Јуни 2022
Се наоѓаме во потешка ситуација од претходните две години, одредени кругови не сакаат да признаат дека се наоѓаме во воена криза, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во интервју за „Макфакс“.
Марковска: Ветивме зголемување на платите во сите сектори во период од шест месеци и тоа ќе го направиме
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 22 Јуни 2022
Ние сме ветиле дека ќе ги зголемиме платите и во администрацијата во период од шест месеци и тоа ќе го направиме со измени во законот исто како што направивме со зголемување на минималната плата на 18.000 денари, порача пратеничката на СДСМ, Даниела Марковска, во рамките на расправата посветена на ребаланост на буџетот во собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Николовски ги повика оризопроизводители да ја искористат мерката за набавка на специјализирани комбајни за ориз
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 22 Јуни 2022
Во тек е новиот јавен повик преку програмата за рурален развој за 2022 година, мерка 121.5 за поддршка при набавка на специјализирани комбајни за ориз или мобилни сушари за ориз.
Просечната нето-плата во април - 31.525 денари
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 22 Јуни 2022
Државниот завод за статистика денеска објави дека просечната месечна исплатена нето-плата за вработен во април годинава изнесува 31.525 денари.
Николоски: Повисоки плати во кризна година обезбедени за над 72 отсто од вработените во јавниот сектор
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 22 Јуни 2022
За над 92.000 лица вработени во јавниот сектор или 72 отсто од вработените во овој сектор има обезбедено зголемување на платите во оваа година и тоа во време на криза во која сите живеме и се обидуваме да ја надминеме на сите можни начини и мерки. Ова го истакна заменик-министерот за финансии Филип Николоски денеска во Собранието, каде се одвива амандманската расправа по ребалансот на Буџетот за 2022 година.
Бектеши: Глоби до 10.000 евра и забрани за вршење на дејност за трговците кои работат со нечесни практики
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 21 Јуни 2022
Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска на прес-конференција информира дека на предлог на неговото министерство, Владата го усвоила новиот предлог-закон за заштита на потрошувачи.
Унгарија на странците им го наплаќа горивото 60 отсто поскапо
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 21 Јуни 2022
Во моментот Унгарија има најниски цени на горивата во Европа и очигледно сака да го задржи тој благодат само за своите возачи со тоа што на странските возачи им наплатува гориво и до 60 отсто поскапо.
Бектеши - Ќехаја: Косово е важен трговски партнер за Македонија
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 21 Јуни 2022
Министерот за економија, Крешник Бектеши, денес се сретна со новиот амбасадор на Косово, Флориан Ќехаја.
Маск: Сè уште чекам информации за тоа колку ботови има на „Твитер“
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 21 Јуни 2022
Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, на Економскиот форум во Катар изјави дека има уште неколку нерешени прашања во врска со „Твитер“, и дека уште чека информации за тоа колку ботови има на платформата на таа социјална мрежа.
Ковачевски на одбележување на 30 години од КХВ: Финансискиот систем успешно одговори на кризата!
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 20 Јуни 2022
Премиерот Димитар Ковачевски денеска на одбележувањето на 30 години од основањето на Комисијата за хартии од вредност рече дека финансискиот и монетарниот суверенитет се основните компоненти на вкупниот суверенитет на секоја држава.
Австриска електрана на јаглен се подготвува одново да проработи
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 21 Јуни 2022
По одлуката на австриската влада да ја реактивира последната електрана на јаглен во земјата поради намалувањето на испораките на руски гас, во централата Мелах започнаа подготовките.
Поради зголемените трошоци за живот, населението во Белгија излезе на улиците
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Објавено: 20 Јуни 2022
Населението во Белгија денеска излезе на улиците за да го покаже своето незадоволство од трошоците за живот. Поради демонстрациите, бриселскиот аеродром беше принуден да ги откаже сите полетувања во понеделникот, а многу автобуски линии во земјата беа суспендирани, пренесуваат тамошните медиуми.