Фотографска изложба на Игор Христов - Спијачите спијат, сонуваат само сонувачите
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 04 Март 2021
Фотографската изложба на Игор Христов „Спијачите спијат, сонуваат само сонувачите“ ќе биде отворена денес (4 март 2021 г.) во КИЦ на Република Северна Македонија во Софија, со почеток од 17:00 часот.
Уште еден концерт „Филхармонија за Филхармонија“
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 01 Март 2021
По првиот камерен концерт кој се одржа на крајот од минатата година, на кој настапија музичари од оркестарот на Филхармонија, овој четврток во 20 часот ќе се одржи уште еден од серијата насловена „Филхармонија за Филхармонија“.
Девет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 26 Февруари 2021
Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2020 година, во состав: Оливера Николова (минатогодишна лауреатка и претседателка на Комисијата), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Грозданоски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“), во втората селекција одбра девет романи што останаа во конкуренција за оваа престижна награда.
Конкурс за оригиналнo прозно дело за тинејџери
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 25 Февруари 2021
Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје распишуваат Конкурс за оригиналнo прoзно дело за тинејџерска возраст.
Концерт „Бетовен:Редефиниција“ на Филхармонија
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 23 Февруари 2021
Оркестарот на Филхармонија в четврток, во 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Бетовен:Редефиниција“ на кој како солист ќе настапи виолинистот Јонијан Илијас Кадеша (Албанија/Грција).
Балашевиќ погребан во кругот на семејството со песната „Оливера“
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 21 Февруари 2021
Музичарот Ѓорѓе Балашевиќ беше погребан денеска на Градските гробишта во Нови Сад.
Ден на жалост во Нови Сад поради смртта на Балашевиќ
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 21 Февруари 2021
Денешниот ден е прогласен за ден на жалост на територијата на градот Нови Сад, по повод смртта на музичарот, Ѓорѓе Балашевиќ.
Собир пред Универзална сала, скопјани се збогуваат со Балашевиќ
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 20 Февруари 2021
Ѓорѓе Балашевиќ си замина засекогаш, а колку тој беше важен сведочат илјадниците кои се збогуваат од него на плоштадите во Белград, Нови Сад, Загреб, Сараево. Вечерва ќе се одржи и собир во Скопје.
(Видео) Актерите од Струмица во расправа со директорот фискултурец: Ни треба кадар од културата
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 20 Февруари 2021
Доволно сум компетентен да ја водам институцијата НУЦК „Антон Панов“, имам менаџерски сертификати и на оваа тема нема причина да се дебатира, вели новоназначениот директор Васил Бубев кој се вклучи на почетокот на дебатата со актерите Анкица Бенинова, Ванчо Василев и Стојан Велков кои се противат на одлуката професор по фискултура да раководи со институцијата за култура.
„Кожурец“ вечерва на репертоар во МКЦ
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 19 Февруари 2021
Вечерва, со почеток од 20 часот во МКЦ (сала 25 мај) ќе се изведе театарската претстава „Кожурец“, во продукција на независното здружение АРТОПИЈА.
Рецитал на кросовер и класичниот пијанист Евгениј Генчев
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 19 Февруари 2021
„Фантазија“ е насловен рециталот на бугарскиот пијанист Евгениј Генчев, кој во вторник на 23 февруари, во 20 часот ќе настапи во Камерната сала на Филхармонија. На програмата се дела од елегичниот Албинони и романтичните Шопен и Лист.
Филмот „Дедо и Внук“ на Илија Пиперкоски од денес во Кинотека во Скопје
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 12 Февруари 2021
Играниот филм „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски од денеска до вторник ќе се прикажува на репертоарот на Кинотека во Скопје.
Усвоена е Националната програма „2021 - Година во чест на Блаже Конески”
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 10 Февруари 2021
Владата ја усвои Националната програма „2021 - Година во чест на Блаже Конески” и го задолжија Министерството за култура да ја координира реализацијата на оваа Националната програма, која оваа година е дел од календарот важни меѓународни јубилеи на УНЕСКО.
„24 илјади бакнежи“ - концерт на Филхармонија за Денот на вљубените
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 08 Февруари 2021
Оркестарот на Филхармонија в сабота, на 13 февруари, во 20 часот ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените.
Од оваа сабота комедијата Хотел Гранд ексклузивно на МТМ - ПРВА СКОПСКА
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 03 Февруари 2021
Амбициозната студентка на провинцискиот универзитет за туризам, Ксенија Завгороднаја сонува да работи во угостителството и да раководи со сопствен хотел.
Романот „Продавачот на сладолед“ објавен на македонски јазик
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 29 Јануари 2021
Во издание на „Бата прес“ на македонски јазик е објавен романот „Продавачот на сладолед“ од финската авторка Катри Липсон. Делото ја доби Наградата за литература на Европската Унија во 2013 година, а го преведе Искра Бадева.
Нора Шаќири нов в.д. директор на Театар Комедија
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 02 Февруари 2021
Нора Шаќири Марковиќ е именувана за в.д. директор на Театар Комедија, откако Министерството за култура го разреши Сашо Ристовски од оваа функција.
Почна снимањето на краткиот игран филм „Северниот пол”
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 29 Јануари 2021
Почна снимањето на краткиот игран филм „Северниот пол” по сценарио и во режија на Марија Апчевска.