Денови на света Мајка Тераза

Денови на Мајка Тераза

 

- Поттикнати од делата на љубов и милосрдие на света Мајка Тереза, а по иницијатива на младите од нејзината родна парохија во Скопје и во рамки на „Деновите на Света Мајка Тереза“ би сакале да излеземе во пресрет на оние кои имаат потреба од неа и тоа конкретно, посетувајќи ги оние кои се осамени, напуштени и гладни. Да им даруваме дел од своето време, материјална помош секој според своите можности и да го отвориме нашето срце кое е создадено да љуби, посочуваат организаторите.

 

Ги повикуваат сите да се вклучат во оваа акција, која не познава никакви граници, да направат некое добро дело, дарувајќи се себеси.

 

Утре на Плоштадот Македонија во организација на Град Скопје и Католичката црква во Македонија ќе се одржи Културно-духовна програма, во чии рамки ќе се отвори изложба „Светица од Скопје- Светица на светот“, а ќе биде и положено цвеќе на спомен-плочата на родната куќа на Мајка Тереза.

 

На 5-ти септември по повод празникот на света Мајка Тереза во скопската катедрала „Пресвето Срце Исусово“ ќе се одржи процесија и свечена евхаристиска прослава.

 

Во Музејот на Град Скопје вечерта ќе бидат доделени посланија за хуманост со пригодна музичка програма.

 

Извор: МИА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.