Проектот „Добредојде бебе“ достапен во сите породилишта во државата

„Добредојде бебе“


Досега се издадени 91 извод на новородени на жени породени во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) и во Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир. На Клиниката за гинекологија, од вкупно 466 новороденчиња, услугата ја искористиле 33 родители, а во Специјалната болница во Чаир од вкупно 391 новороденчиња, извод уште во породилиште добиле 58 новороденчиња.


Оваа новина Министерството за здравство ја реализира во соработка со Управата за електронско здравство МојТермин, Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда-Управа за водење матични книги. Со оваа новина се олеснува постапката за издавање извод на родени и се овозможува родителите да не одат по шалтери во институциите, туку при испис од породилиште да го добијат изводот од матичната книга на родените доколку изразат желба за тоа и доколку ја имаат потребна документација.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.