Денвер загуби во Кливленд, Сакраменто славеше во Далас

Денвер Нагетс и Далас Маверикс забележаа порази изминатата ноќ во НБА лигата. Актуелните шампиони се поразени во Кливленд 121:109, а Маверикс запишаа пораз на домашен терен од Сакраменто Кингс 129:113.

Никола Јокиќ, одигра просечен меч, веројатно најлош од стартот на сезоната и покрај тоа што бројките не го покажуваат тоа. Србинот против Кливленд имаше 18 поени, 10 скока и седум асистенции. Најефикасен кај Денвер беше Мајкл Портер јуниор со 21 кош. Кливленд до победата го предводеше Гарланд со 26 поени.

Сакраменто славеше во Далас 129:113 (35:36, 35:29, 37:31, 22:17). Одличен настап имаше Сабонис, мечот го заврши со 32 поени, 13 скока и шест асистенции, два поени помалку постигна Фокс.

Лука Дончиќ беше подобар од останатите во тимот на Далас со 25 поени, десет скока и седум асистенции, Ирвинг постигна 23.

Успешен беше и Бостон на гостински терен во Мемфис (102:100). Во победничкиот тим Порзингис постигна 26 поени, со осум скока, Тејтум имаше учинок од 20 поени, девет скока и пет асистенции.

Највозбудливиот дуел беше виден во Лос Анџелес, каде Лејкерси по голема борба го совладаа Хјустон – 105:104. Леброн Џејмс постигна 37 поени, вклучувајќи го и поедничкиот од линијата за слободни фрлања на 1,9 секунди до крајот на натпреварот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.