Солскјер: Враќањето на Роналдо беше погрешен потег

Оле Гунар Солскјер, поранешниот играч и менаџер на Манчестер јунајтед, смета дека направил грешка кога го вратил на Олд Трафорд, Кристијано Роналдо.

 

Норвежанецот, кој на клупата на Јунајтед беше до ноември 2021 година, само два месеци по пристигнувањето во клубот реши да го врати тогаш 35-годишниот Португалец од Јувентус.

 

Солскјер и Роналдо претходно беа заедно во клубот кога Роналдо за прв пат играше за Манчестер јунајтед.

 

Меѓутоа, во разговор за „НРК“, Солекјер изјави дека еден член од стручниот тим не била за враќањето на Роналдо.

 

Во прашање е актуелниот менаџер на Ипсвич, Киран Мекена. Според Солскјер, ирскиот стручњак ги анализирал последните шест натпревари на Португалецот и истакнал дека со неговото враќање проблемот ќе биде во друг дел од теренот. Тоа се покажа како точно.

 

„Како ќе се браниме? Тоа беше првото нешто што ми го кажа Мекена по таа анализа. Тоа веројатно беше наш погрешен избор. Сепак, во тоа време сметавме дека тоа е вистинскиот потег”, рече Солскјер.

 

Познато е дека вториот престој на Роналдо во Манчестер заврши неславно кога Ерик тен Хаг го продаде. Кристијано сега игра за Ал Наср во Саудиска Арабија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.