Бајчетиќ: Јас сум Шпанец, ќе играм за Шпанија

Стефан Бајчетиќ ја разочара фудбалска Србија. Јасно стави до знаење дека сака да игра за Шпанија. Бајчетиќ е играч на Ливерпул, кој сезонава е на позајмица во Салцбург.

 

Во интервју за „Марк“а директно беше прашан за кого ќе игра. Бајчетиќ немаше ни трошка дилема.

 

„Роден сум во Шпанија, пораснав во Шпанија, моето семејство е од Шпанија и се чувствувам како Шпанец, многу сум горд што ја претставувам Шпанија“, изјави Бајчетиќ.

 

Таткото на Стефан е Срѓан Бајчетиќ, поранешен фудбалер на Војводина, Црвена звезда и Селта. Неговата мајка е Шпанка, а тој е роден во Виго.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.