Португалија без четворица против Хрватска

Португалија го обезбеди првото место Групата 1 А од Лигата на нации на коло до крајот по убедливата победа од 5:1 против Полска. Португалија во последното коло ќе гостува во Хрватска.

 

Португалците сега ја чекаат разврската во останатите групи кога и ќе го дознаат противникот во четвртфиналето.

 

Затоа селекторот Роберто Мартинез реши да ги одмори четворицата најдобри играчи, тие нема да играат против Хрватска.

 

Дозвола да се вратат во своите клубови добија Кристијано Роналдо (Ал Наср), Бернардо Силва (Манчестер сити), Бруно Фернандеш (Манчестер јунајтед) и Педро Нето (Челзи).

 

Ова значително ќе и ја олесни работата на Хрватска на која и е потребен само еден бод за да обезбеди учество во четвртфиналето.

 

Натпреварот е закажан за понеделник, 18 ноември во 20:45 часот на стадионот Пољуд во Сплит.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.