Модриќ: Никој ништо не ми подарил, сè е постигнато со многу труд

– Оваа година е одлична за Лука Модриќ. Тој беше прогласен за најдобар играч на УЕФА, ја доби наградата на ФИФА за „Најдобар" и ја освои „Златната топка" на „Франс Фудбал". На тимско ниво, халфот на Реал Мадрид го крена трофејот во Лигата на шампионите (за трета година по ред) и ја поведе Хрватска во финалето на Светското првенство во Русија (загуби од Франција со 2:4).

 

 

– Патот беше долг и тежок, но токму затоа сум многу среќен со она што се случи. Сите признанија – „Најдобар играч" на ФИФА и „Златна топка", имаат поголема вредност кога знаеш дека никој ништо не ти подарил. На мене ништо никој не ми подарил, сè е постигнато со многу труд, изјави Модриќ пред „ЏиКју", чие лице ќе се најде на следната насловна страница на американското списание.

Тој додаде дека му е мило што конечно луѓето признале што постигнал во текот на целата кариера.

– Иако навистина освоив многу работи, „Златната топка" е нешто што не сум ни замислувал. За мене фудбалот не е само голови, голови, голови, заклучи 33-годишниот фудбалер. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.