Џоковиќ: Модриќ е гордост на регионот

Најдобриот светски тенисер Новак Џоковиќ му честиташе на играчот од Реал Мадрид, Лука Модриќ, за освојувањето на „Златната топка".

 

Србинот на Твитер напиша: Сите честитки за драгиот Лука Модриќ за освоената Златна топка. Апсолутно заслужено.

 

Горд момент за нашиот регион кој го доби најдобриот фудбалер на светот. Модриќ доби најмногу гласови во изборот на „Франс Фудбал" пред Кристијано Роналдо од Јувентус и Антоан Гризман од Атлетико Мадрид.

 

33-годишниот Хрват го освои сребрениот медал на Светското првенство 2018 година и Лигата на шампионите со Реал Мадрид.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.