Гвардиола одбил од Јувентус плата од 20 милиони евра годишно

Тренерот на Манчестер сити, Јозеп Гвардиола, ја одбил понудата да го предводи Јувентус.

 

Според „Еуроспорт", италијанскиот шампион му понудил на 48-годишниот специјалист договор со плата од повеќе од 20 милиони евра годишно.

 

Позицијата на тренер во Јувентус останува испразнета по заминувањето на Масимилиано Алегри.

 

Главниот кандидат за позицијата на новиот тренер на „бјанко-нерите" е тренерот на Челзи, Маурицио Сари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.