Во Реал очекуваат 70 илјади луѓе на презентацијата на Азар

На стадионот „Сантијаго Бернабеу" утре Реал Мадрид ќе го промовира големото засилување Еден Азар. Според „Марка" мадридскиот клуб очекува повеќе од 70 илјади луѓе за овој настан.

 

Толку навивачи на Реал дојдоа и во 2009 година на презентацијата на Кристијано Роналдо. Еден Азар во Реал пристигна од Челзи.

 

За „сините" од Лондон играше од 2012 година. Во овој период, напаѓачот настапи на 352 натпревари, постигна 110 гола и забележа 92 асистенции.

 

Азар со Челзи стана двократен шампион во Англија, двократен победник во Лигата на Европа, како и победник на Лига купот и ФА купот.

 

Во сезоната 2014/15, Азар беше прогласен за најдобар играч во Премиер лигата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.