Буфон може да го смени Касиљас во Порто

Португалскиот гигант Порто е заинтересиран за голманот Џанлуиџи Буфон, кој е слободен агент по напуштањето на Париз Сен Жермен.

 

Според „Тутоспорт", Буфон е една од опциите за замена на Икер Касиљас, кој најверојатно ќе ја заврши својата кариера по добиеиот срцев удар пред повеќе од еден месец.

 

За легендарниот Буфон, исто така, заинтересирани се Парма, Аталанта, Барселона, Лацио, Џенова, Бреша и Флуминенсе.

 

Минатата сезона, 41-годишниот италијански голман одигра 17 натпревари во француското првенство и прими 18 гола.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.