Пратеник апелира Јунајтед и Сити да му помогнат на клуб од четвртата лига

Пратеникот во британскиот парламент Иван Луис ги повика раководствата на Манчестер јунајтед и на Манчестер сити да му помогнат на локалниот клуб Бери.

 

Клубот Бери е со седиште на 12 километри од Манчестер и доживува сериозни финансиски проблеми. Претходно, управата на англиската фудбалска лига го откажа неговиот натпревар во Лига 2 (четвртата дивизија на Англија) против Рочдејл, бидејќи клубот не обезбеди финансиски гаранции за сезоната.

 

– Ги повикувам Манчестер сити и Манчестер јунајтед, две светски фудбалски велесили, да го разгледаат моето барање и да видат што можат да направат за да го спасат клубот. Како што одминува времето, ни треба нов пристап, напиша Луис на Твитер.

 

Бери е основан во 1885 година. Во 1900 и 1903 година, клубот го освои ФА купот





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.