Полицијата ќе му помогне на Манчестер да ги идентификува луѓето кои го навредуваат Погба на расна основа

Полицијата во Велика Британија ќе му помогне на Манчестер јунајтед да ги најде лицата кои преку Твитер упатија расистички навреди кон Пол Погба по натпреварот од 2. коло од шампионатот на Англија со Вулверхемптон.

 

Французинот не реализираше пенал во овој натпревар при резултат 1:1 и на крајот Јунајтед мораше да се задоволи само со еден бод.

 

Оние кои упатувале навреди кон Погба и кои ќе бидат идентификувани се соочуваат клубот да им изрече доживотни забрани за присуство на натпреварите на Манчестер јунајтед.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.