Македонските одбојкари на контролни дуели со Шведска

Во рамките на подготовките за претстојното Европско првенство, македонската одбојкарска репрезентација ќе одигра два пријателски натпревара со Шведска.

 

Првиот дуел е закажан за попладнево, а вториот в недела. Двете средби ќе с еиграат во СРЦ „Кале“ со почеток од 17 часот и 30 минути.

 

Селекторот на Македонија, Никола Матијашевиќ ќе има уште две средби за да реши кои играчи ќе го носат дресот на Европското првенство во септември. Најпрво на 30-ти овој месец со Украина во полуфиналето на турнирот „Чајка“, а ден потоа со Белгија или со Бугарија во зависност од резултатот од нивнот полуфинален дуел.

 

На 5 и на 6 септември „црвено-жолтите“ ќе и бидат гости на Австрија во пријателските средби во Сент Полтен.

 

Нивен прв противник на ЕП во Љубљана ќе биде Финска, а во групата се и селекциите на Турција, Русија, Белорусија и со Словенија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.