Интер-Јуве ќе постави рекорд за најскап меч во историјата на Серија А
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 04 Октомври 2019
Неделното „Дерби Д’Италија“ меѓу Интер и Јувентус на „Сан Сиро“ најверојатно ќе стане најбогатиот меч во историјата на Серија А, јавуваат италијанските медиуми.
Според „Ла газета дело спорт“, стадионот ќе биде целосно пополнет, со 75.000 продадени билети, што значи дека само од билетите ќе се заработи 6.5 милиони евра, што дефинитивно е рекорд на тимот.
Весникот исто така објаснува дека на трибините ќе има над 100 нациионалности, бидејќи над 20 отсто од билетите се купени од странство. Покрај тоа, дербито ќе го пренесуваат на 40 ТВ-мрежи во над 200 земји.
Јувентус, кој последната декада имаше апсолутна доминација во Италија, пристигнува во Милано со нов тренер (Маурицио Сари) против „новиот“ Интер на Антонио Конте, кој има совршени шест победи во првите шест кола од шампионатот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс