Реал во последната четвртина „ја здроби“ Звезда во Белград

Кошаркарите на Реал Мадрид забележаа убедлива победа во Белград, против тимот на Црвена Звезда со 75-60 во 7 коло од кошаркарката Евролига.

 

Иако конечните +15 за „Кралевите“ делуваат дека кошаркарите на шпанската екипа лесно стигнале до триумфот, сепак во прашање е само играта во последната четвртина која го одлучи победникот.

 

По 3 четвртини од мечот домаќините имаа предност од 3 поени против фаворизираниот противник. Сепак во последниот период кошаркарите во „црвено-бела“ комбинација едноставно застанаа, па Реал со серија од 12-0 го сврте резултатот за на крајот преубедливи 75-60.

 

Серхио Љуљ со 13 и Руди Фернандез со 12 поени беа најефикасни во победничкиот тим, додека кај домашната екипа прва ѕвезда беше Били Берон со 17 поени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.