Тим: Несреќа и привилегија е што играме против „големата тројка“

Тенисерот од Австрија Доминик Тим ќе има тешка задача на завршниот АТП турнир во сезоната. На Мастерсот во Лондон Тим се наоѓа во групата „Бјерн Борг“ заедно со Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Матео Беретини.

 

Тим зад себе има одлична сезона во која веќе освои пет титули (Индијан Велс, Барселона, Кицбил, Пекинг и Виена), а играше и финале на Ролан Гарос.

 

Се наоѓа во тешка група но во Лондон пристигнал со големи амбиции, сака пласман во полу-финалето, иако е свесен дека тоа ќе биде исклучително тешко.

 

„Ова е сјајна ситуација играме на турнир заедно со Федерер, Ѓоковиќ и Надал, играчи што имаат 16 и повеќе Гренд-слем титули. Повеќе од било кој во историјата за спортот. Можеби тоа е несреќа за нас, младите играчи, но во исто време е привилегија и среќа бидејќи играме против најдобрите во историјата. Големата разлика помеѓу нив и нас останатите е што тие константно играат добро и освојуваат титули“, заклучил Тим.

 

Австриецот, утре од 21 часот, ќе го одигра првиот меч во Лондон, а противник ќе му биде Федерер. Претходно во оваа група од 15 часот ќе играат Ѓоковиќ и Беретини.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.