Меси го „реши“ јужномериканското „Суперкласико“

Лионел Меси го постигна единствениот гол при 1:0 победата на Аргентина над лутиот ривал Бразил во „Суперкласико“ мечот во Ријад, Саудиска Арабија, откако претходно Габриел Жесус го утна и својот втор пенал во националниот дрес.

 

Најважните случки во мечот се случија во првите 15 минути, откако на двете страни беше досуден по еден пенал. Габриел Жесус имаше шанса да ги донесе Бразилците до водство во 10. минута, но упати еден од најлошите удари од белата точка во последната деценија.

 

Само четири минути подоцна стигна казната. Пенал за Аргентина и Лео Меси на белата точка. Сепак, ниту тој не се прослави, откако неговиот удар заврши во бразилскиот голман Алисон, но, за среќа, топката се одби од него и заврши пред нозете на Меси, кој овој пат не згреши.

 

До крајот на мечот, двете репрезентации имаа свои шанси, но голманите беа на висината на задачата, за „албиселесте“ да стигнат до слатка одмазда за контроверзниот пораз во полуфиналето на Копа Америка ова лето, кога потоа Бразилците ја освоија титулата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.