Тоти: Бев блиску до трансфер во Реал

Легендарниот капитен на Рома Франческо Тоти целата кариера ја мина во овој клуб. Открива дека во еден момент бил блиску до трансфер во Реал Мадрид.

„На крајот од сезоната 2003/2004 ми истече договорот со Рома. Имавме некои недоразбирања со претседателот, не по моја вина. Рома не беше на потребното ниво, а Реал беа подготвени да платата многу. Според нивната понуда можев да побарам сѐ, не можев само да ја побарам капитенската лента која беше резервирана за Раул и „десетката“ која ја носеше Фиго. Речи се согласив да се преселам таму, сопругата ме оџрабруваше, ме поддржа во одлуката да потпишам за Реал“, рекол Тоти.

Тоти открил зошто се премислил.

„Го послушав срцето поради тоа останав. Мислев на навивачите, семејството, пријателите. Сакав да направам нешто различно од она што фудбалерите генерално го прават. Многумина одат во Барселона, реал, Баерн. Јас сум поинаков, во целата кариера носев само еден дрес.

Тоти за Рома играше од 1992 до 2017 година, освои една шампионска титула во Серија А во сезоната 2000/2001, со Италија во 2006 стана светски првак.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.