Стам: Фергусон ми кажа дека ме продадоа на бензинска пумпа

Поранешниот холандски репрезентативец Јап Стам открива дека Дејвид Бекам се обидел да интервенира да ја спречи продажбата на бекот на Лацио во 2001 година.

Стам, кој беше на „Олд Трафорд“ од 1998 до 2001 беше еден од најдобрите централни бекови во својата генерација, но беше продаден откако контроверзни цитати од неговата автобиографија беа објавени во весникот „Дејли мирор“.

„Само што пристигнав во Рим, добив повик од Дејвид Бекам. Во тимот зборувале за мојата продажба и сметале дека треба да останам во тимот и никој не го очекувал тоа. Беше убаво да се чуе тоа од него, но во таа ситуација беше подобро да заминам“, вели Стам, кој сега е тренер на американскиот МЛС тим, Синсинати.

Холанѓанецот открива дека страдал по објавувањето на деловите од неговата биографија.

„Кога еден весник купува права да издаде делови од книга, тие си измислуваат свои наслови и тоа многу ми пречеше. Имав многу бессони ноќи размислувајќи што ќе се појави следниот ден. На почетокот, Фергусон ми кажа да не се грижам, но подоцна ми беше известено дека тренерот не среќен од објавеното. Една недела подоцна, тој не ме пушти да играм против Блекбурн, и истата недела ми се јави агентот да ми каже дека ме продаваат. Минути подоцна ми се јави Фергусон и ме праша каде сум, и бев на бензинска пумпа, каде што и тој пристигна. Влезе во мојот автомобил и ми кажа дека клубот прифатил понуда од Лацио. Тоа беше вистински шок“, вели Стам.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.