Трипл-дабл мајстори – Јокиќ, Дончиќ, Вестбрук

Никола Јокиќ, Расел Вестбрук и Лука Дончиќ забележаа трипл-дабл во победите на своите тимови изминатата ноќ во НБА лигата. Денвер со Јокиќ се искачија на третата позиција во Западната конференција, Далас на Дончиќ изборија место во плеј-офот, додека Вашингтон на рекордерот Вестбрук ќе играат плеј-ин за пласман во разигрувањето.

Денвер Нагетс победија во Детроит со 104:91. Фаворитот ја оправда својата улога кај еден од најслабите тимови во лигата. Јокиќ забележа трипл-дабл за само 26 минути, а поради големата разлика не играше речиси во целото второ полувреме. Центарот на Денвер натпреварот го заврши со 20 поени, 15 скокови и 11 асистенции. За Јокиќ ова беше 16 трипл-дабл во сезоната, вкупно 57. во кариерата.

Далас Маверикс славеа победа во дуелот со Торонто Репторс 114:110. Маверкс, во пенал завршницата ја обезбедија победата и место во плеј-офот и покрај тоа што во третиот период имаа предност од 19 поени.

Лука Дончиќ го предводеше својот тим до победата со 20 поени, 10 скокови и 11 асистенции.

Вашинготн Визардс со 120:105 ги победија Кливленд Кавалирс. Рекордерот Вестбрук забележа нов трипл-дабл, 183 во кариерата (21 поен, 12 скокови, 17 асистенции). Бекот на Визардс им се приклучи на легендарните Џон Стоктон и Ајзеа Томас, кои во кариерата на седум натпревари во низа бележеле 15+ асистенции.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.