„На Меси, Нејмар и Мбапе им треба такси за да ги врати назад да играат одбрана“
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 17 Септември 2021
ПСЖ, сезоната во Лигата на шампионите ја започна со нерешен резултат во Бриж (1:1). На натпреварот во Белгија, прв пат од почетокот на сезоната, го започнаа Нејмар-Меси и Мбапе.
Пеколното трио, некои би рекле најдоброто во историјата на фудбалот, ги покажа маните на тимот кој го предводи Маурисио Покетино.
Многумина тврдат дека на овие тројца ќе им бидат потребни три топки за да можат да играат заедно и дека тимот ќе пати во дефанзивата, бидејќи никој од нив не е заинтересиран да игра одбрана.
„Кога ќе останат без топката, потребно им е такси за да ги врати назад во одбраната“, рекол стручниот коментатор на „Беин Спорт“, Омар да Фонсека и дополнил.
„Паредес и Вајналдум не се видоа на теренот. Ако сакате да играте со овие тројца во нападот, тогаш во редот за врска ви се потребни играчи кои можат да ја задржат топката. Потребен ви е плејмејкер кој ќе држи овој дел од играта. Јасно е дека не барам некој нов Чави или Иниеста, но тие мораа да направат повеќе“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс