Сопругата на Руни за неговите неверства: Беше неприфатливо, но му простив

Колин Руни, сопругата на легендарниот англиски напаѓач Вејн Руни, првпат јавно проговори за неговите многубројни неверства, оценувајќи го неговото однесување како „неприфатливо“, но додавајќи дека му простила.

Ова се дознава во трејлерот за документарниот филм на „Амазон“ со едноставен наслов „Руни“, во кој во детали ќе се зборува за животот и кариерата на 35-годишниот Англичанец.

„Знаев со какви групи на луѓе се дружи Вејн, и заедно со алкохолот… Не е добро. Му простив, но тоа беше нерпифатливо“, вели Колин Руни, за скандалот во 2002, кога тој беше „фатен“ со три проститутки.

Вејн и Колин се заедно од нивната 16-та година, а се познаваат од својата 12-та година кога Руни играл фудбал против нејзините браќа во нивните дворови. Од 2008 година тие се во брак и имаат четири сина – 11-годишниот Каи, 8-годишниот Клеј, 5-годишниот Кит и 3-годишниот Кес. Руни признава дека скандалите го следат во кариерата.

„Луѓето уште ме гледаат на поинаков начин. Би сакал луѓето да се сеќаваат на тоа кој сум бил, наместо за работите кои сум ги направил“, вели Руни.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.