Далиќ: Не сакам да се сретнат Србија и Хрватска во бараж за СП

Фудбалските селекции на Србија и на Хрватска се наоѓаат во слична ситуација пред последните рунди во квалификациите за СП во Катар идната година. За да обезбедат директен пласман на Мундијалот, Хрватите ќе мора да слават во дуелот против директниот конкурент Русија, додека Србите ќе треба да ја совладаат Португалија на Роналдо во Лисабон.

Селекторот на „коцкастите“ Златко Далиќ вели дека во Лисабон ќе навива за Србија.

„Ајде прво да размислуваме како директно да отидеме во Катар. Имаме меч со Малта нагости и со Русија дома, сакаме со две победи да се пласираме на Мундијалот. Србија може да ја победи Португалија и јас тоа го сакам. Не е невозможно, ако се најдеме во баражот, не би сакал да се сретнат Србија и Хрватска“ вели Далиќ.

Хрватскиот селектор со многу комплименти зборува за репрезентацијата на Србија.

„Србија има сјајни играчи кои настапуваат во одлични клубови. Многумина се во врвот на европскиот фудбал и не би било лесно да ги победиш. Баражот е компликуван, со голем притисок. Строго фудбалски гледано, би било тешко да се избориш со Србија на теренот. Александар Митровиќ е во одлична форма, дава голови во континуитет. Стоперот Матија Настасиќ одлично изгледа на терен“ изјави Далиќ за српските медиуми.

Европските квалификации за Мундијалот во Катар завршуваат со мечевите во ноември.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.